Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата на 17-ти и 18-ти октомври организира „Школа за кореографија“ чиј концепт е развиен во соработка со Зринка Ужбинец – драматург (Хрватска) заедно со Александар Георгиев – кореограф (Северна Македонија).

На школата ќе учестуваат студентите од катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе опфати предавања и часови по кореографија и танц кои ќе се реализираат со физичко присуство и онлајн.

За време на школата ќе има ограничувања во врска со бројот на учесници и практична адаптираност на часовите, заради епидемиолошките случувања поврзани со Ковид-19 пандемијата. Школата се реализира во партнерство со Интерарт културен центар “.

„Школа за кореографија’ е дел од програмата „Современа кореографија и танц” на Локомотива Скопје во Кино Култура проектен простор, курирана од Биљана Тануровска Ќулавковски, продуцирана од Виолета Качакова, а координацијата е на Зорица Зафировска. Школата се реализира во партнерство со Интерарт културен центар, а е поддржана од  Министерството за култура.