САД со блокада на полноправно членство на Палестина во ОН

26

САД ставија вето на резолуцијата во Советот за безбедност со која се бара полноправно членство на Палестина во ОН.

Текстот на резолуцијата, што го предложи Алжир, доби дванаесет гласа „за“ и еден глас „против“, а Велика Британија и Швајцарија беа воздржани. Во него, на Генералното собрание му се препорачува да ја прими „државата Палестина како членка на Обединетите нации“.

Палестинските автономни власти го осудија потегот на САД.

-Оваа агресивна американска политика кон Палестина, нејзиниот народ и неговите легитимни права претставува бесрамна агресија против меѓународното право и е охрабрување за продолжување на геноцидната војна против нашиот народ, која го турка регионот уште поблиску до работ на бездна, соопшти кабинетот на претседателот на Палестинците, Махмуд Абас.

Палестина со години бара полноправно членство во ОН. По американското вето ќе остане со статусот на набљудувач што го има од 2012 година.

Мнозинството од 193 земји членки на ОН еднострано признаваат палестинска држава, а според палестинските власти тоа се 137 држави. Германија не ја признава Палестина како држава, но одржува дипломатски односи со палестинските територии.