Животната приказна на легендарниот француски фудбалер Франк Рибери е идеална за сценарио на холивудски блокбастер.

Многу познати спортисти имаа исклучително тешки животни приказни, но онаа за Рибери многумина ќе насолзи…

Одличниот напаѓач никогаш не ги запознал своите биолошки родители. Имено, тој бил оставен како бебе пред вратата на еден манастир во Франција. Имал само две години кога доживеал страшна сообраќајна несреќа во која се здобил со лузна која му го одбележала животот. Имал дури 100 конци на лицето, а раната му е морничава.

Бил отфрлен, исмејуван, понижуван поради таа лузна, но истата му дала мотив плус да стане тоа што е.

  • Тоа ми даде карактер и сила, бидејќи кога си дете и имаш таква лузна не е лесно. Начинот на кој те гледаат, коментарите… Страдав поради тоа… Луѓето велеа: „Погледни го неговото лице, погледнете му ја главата. Тој е грд, одвратен“. Секаде каде што одев луѓето зјапаа во мене, но не затоа што сум добар фудбалер, туку затоа што ме гледаа поради таа лузна, започна Рибери.

Францускиот напаѓач има фантастична кариера и покрај тешкото детство. Судбината сакаше да помине низ многу трнлив пат до врвот. Растејќи често правел проблеми, но сè се променило кога ја запознал сопругата Вахибу Белхами, поради што ја сменил верата и преминал во ислам.

  • Ја запознав кога имав 16 години, живеевме на иста улица. Се заљубив на прв поглед, истакна Французинот.

Вахиба е со алжирско потекло, Френк поради неа преминал во ислам и го зел муслиманското име Билал Јусуф Мохамед.

По лошата епизода во фудбалската школа на Лил, Рибери се мачел во третолигашот Алес. Среќата подоцна ја нашол во Брест. Доаѓањето во тој клуб бил првиот чекор во неговиот неверојатен подем – Мец, Галатасарај, Марсеј, па Баерн.

За еден обичен обожавател, Рибери беше доказ дека обичен мал човек може да стане еден од најдобрите на светот. Тој стана херој на нацијата … Сепак, идилата не траеше долго. Поради лошите игри во репрезентацијата беше на мета на навивачите. Тој брзо се претвори од херој во лошо момче.

Следуваше скандал со малолетна проститутка. Имено, Захија Дехар се најде на насловните страници во 2010 година кога откри дека двајца познати француски репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема ѝ платиле за сексуални услуги.

Таа во моментот на скандалот со фудбалерите сè уште била малолетна. Подоцна, фудбалерите беа ослободени од обвиненијата за секс со малолетничка, бидејќи не знаеле колку години има. Захија ги излажала дека е полнолетна, а на еден од фудбалерите му била роденденски подарок и за тоа добила 700 евра.

  • 2010 беше ужасна година за мене. Нема ни да ги спомнам повредите со кои се соочив. Во мојот приватен и фудбалски живот залутав. Се изгубив и повредив блиски луѓе. Разочарав многумина, сакам да се извинам за тоа, изјави Рибери.