Манекенката Изабел Гилар, која воедно е и ангел на Викторија Сикрет, моментно се одмора во топлите краеви. Убавата Изабел е во друштво на својот вереник фудбалерот Кевин Трап на Бахамите.

Таа таму одлучи да ја прослави Новата година и на своите следбеници на социјалните мрежи им ја честиташе Новата година со фотографии во прекрасна поза. Манекенката облечена во црвено бикини во рацете на Кевин прави акробации кои некој ги фотографира.

  • Со љубов од сончевиот Сент Бартс, ви посакуваме среќна Нова година – напиша таа покрај фотографијата на која вереникот ја држи за раменици додека стои на раце.

Изабел и Кевин ставија црвени капи на главите, а зедоа и фотограф кој ги сними топлите празнични моменти.

НЕКОЛКУ ФОТОГРАФИИ ОД СЕКСАПИЛНАТА ГИЛАР: