Роботи ја испратија 2020. на несекојдневен начин/ВИДЕО

319

Популарните роботи Атлас и Спот, на компанијата Boston Dynamics, покажаа нова вештина во новогодишното видео кое стана вирално. Досега тие покажаа дека знаат да трчаат, да прават гимнастика, салта, паркур, па дури и да мијат садови, а во меѓувреме научија и да танцуваат.

На видеото, хуманоидот Атлас и кучето-робот Спот ја испраќаат 2020 година со танцова кореографија на хитот „Do You Love Me“ од групата The ​​Contours.

Ова не е прв пат роботите на Бостон динамикс да ги покажат своите танцувачки способности. Тие првпат го сторија тоа во 2018 година кога го претставија Спот како игра на музика на „Running Man“ на Uptown Funk.

Сепак, новогодишната честитка ја крева целата работа на повисоко ниво со Атлас, кој трча, скока и се врти на подиумот, демонстрирајќи разни движења.