Песков: „Русија никогаш никого не нападнала“

66

„Русија никогаш никого не нападнала“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во изјава за каналот „Русија1“.

„Русија преживеала толку многу војни, ние сме последната земја во Европа која сака да зборува за војна“, додаде Песков.

Од почетокот на војната во Украина, државните функционери на Русија она што се случува во Украина не го нарекуваат војна, туку „специјална воена операција“.