Срцев удар е причината за смртта на Македонецот кој беше пронајден на улица во Софија

128

26 годишниот македонски државјанин од Виница, Стојан Спасов чие безживотно тело пред неколку дена беше пронајдено пред трговскиот центар „Парадајз“ во Софија починал како последица од срцев удар, покажал извештајот на бугарска судска медицина.

Веста за причините за неговата смрт, околу која деновиве имаше многу шпекулации, за порталот „ММС“ ја соопштиле од семејството на Спасов.

Телото на 26-годишникот, кој една година живеел во Бугарија, веќе е транспортирано во Македонија.

Млад Македонец пронајден мртов во Бугарија