Пензионерите од регионот бараат унапредување на стандардот

115

Пензионерските синдикати од регионот ќе бараат решенија за воведување на соодветни минимални пензии со кои ќе се подобри социо-економскиот статус на лицата во трето доба.

Тие на 9. Регионална конференција донесоа декларација со која бараат унапредување на стандардот на пензионерите и возрасните лица.

Од Пензионерскиот синдикат на Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска соопштија дека на конференцијата присуствувале нивни претставници, како и претставници на синдикатите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Италија, Косово, Словенија и Србија.