Паднаа цените на нафтата

    24

    На глобалните пазари цените на нафтата паднаа минатата недела, по две недели раст, бидејќи централните банки најверојатно нема да ги намалат каматните стапки толку брзо, па не се очекува забрзување на економскиот раст и побарувачката на „црното злато“.

    На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,2 отсто, на 81,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 3,4 отсто, на 76,49 долари. Во поголемиот дел од неделата, цените на нафтата не флуктуираа значително бидејќи беа поддржани од геополитичките тензии на Блискиот Исток.

    Но, тие нагло паднаа во петокот, бидејќи трговците беа загрижени од пораките на американската централна банка за каматните стапки. Гувернерот на ФЕД, Кристофер Валер, рече дека банката треба да почека да ги намали каматните стапки барем уште неколку месеци за да биде сигурна дека инфлацијата во САД паѓа кон целното ниво на ФЕД од 2 отсто.