Од денеска влез во Србија без тест на коронавирус и самоизолација

113

На секој што ќе влезе на територијата на Србија повеќе нема да му биде неопходно да има негативен тест на коронавирусот ниту, пак, дозвола од комисијата.

Со одлука на владата на Србија и по препорака на Кризниот штаб, ниту на српските ниту на странските граѓани не им треба негативен тест на коронавирусот за да влезат во земјата, а самоизолацијата од 14 дена не е задолжителна.

Сите лица што влегуваат на територијата на Србија ќе добијат здравствени предупредувања, во кои се вели дека влегуваат во област каде што сè уште циркулира вирусот, како и совети за спречување на инфекцијата.