Во вторник ќе се прска против комарци

173

Во Куманово во вторник идната недела ќе се прска против комарци, информира денеска Општината.

Дезинскецијата ќе се спроведе во раните утрински часови, почнувајќи од полноќ до 04 часот, доколку временските услови дозволат, а ќе бидат опфатени 200 хектари површина на повеќе локации, по течението на реките Кумановка, Којнарка, површина под трска, село Речица, Серава, потесно градско подрачје, местото викано Бара.

-На 26.05.2020 Д.П.Т.У. „Плант Медика“ во соработка со Општина Куманово ќе ја реализира првата терестичка дезинсекција на подрачјето на град Куманово за уништување на возрасните форми комарци. Ако времето е врнежливо или е со силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови- соопшти Општина Куманово.

Дезинсекцијата ќе се спроведува по претходно подготвен план за динамиката на активностите, техничка спецификација.

-За дезинсекцијата ќе се употреби средството kulfak 50 EC во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба- се наведува во соопштението.

Пчеларите треба да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.