Обидете се да ги направите и сами: Слатки, крцкави и омилени грицки на кинеските родендени – сега и хит на социјалните мрежи/ВИДЕО

235
Фото:википедија

Дали знаете што е тангулу? Оваа традиционална кинеска закуска, која обично се служи на кинеските детски родендени, е неверојатно крцкава и слатка.

Станува збор за овошје нанижано на стапчиња кое се потопува во стопен шеќер.

Ова задоволство стана вирално на социјалните мрежи и можете да користите речиси сè, од овошје – од грозје и јагоди до боровинки, киви и портокали и бобинки со приближно иста големина најдобро функционираат.

Обидете се да го направите сами

Најчесто користени плодови се јагодите и грозјето. Овошјето прво добро се измие и се брише (ако не е суво, на крајот нема да биде крцкаво) и се нанижува на ражен, па се вари во посебен сад со околу 400 гр бел шеќер и 200 мл вода.

Гответе го шеќерот на тивок оган без мешање додека не добиете конзистентност на светло кафеав сируп. Потоа потопете ги раженчињата во шеќерниот сируп и нежно свртете ги за сите да бидат покриени со сируп, па веднаш потопете ги во ледена вода за да се стегне шеќерот. И тоа е тоа – добивате крцкави и слатки овошни раженчиња.

Од лек за царевата конкубина до уличен десерт

Овој десерт доаѓа од северна Кина и е особено популарен во Пекинг, а според легендата датира од династијата Сонг. Кинескиот император Сонг Гуангзонг имал конкубина по име Хуанг Гуифеи и еден ден и се слошило – одбивала да јаде и да пие и се чинело дека ќе умре во секој момент.

Царските лекари биле збунети и не знаеле како да ја излечат, додека не дошол нов лекар и не им наредил на готвачите да подготват глог натопен во шеќер. Тој ја советувал Хуанг Гуифеи да јаде неколку парчиња од овој деликатес пред секој оброк, а по неколку дена таа целосно се опоравила. Набрзо почнале да го продаваат овој десерт на улица и така се раширил низ остатокот од Кина, а сега и низ целиот свет.

 

 

@feedmi 🍡 Tanghulu—Chinese candied fruit with the most satisfying cronch! INGREDIENTS: 1 lb strawberry, grape, or other fruit 10 skewers 2 cup sugar 1 cup water The syrup can be tricky to get just right (it took me 4 attempts 🥲) so here are some of my tips: ⊹ pat the fruit dry before dipping ⊹ don’t stir the sugar & water syrup ⊹ don’t dip til syrup is amber (300F) #tanghulu #candiedfruit #snackideas #chinesefood #mukbang #easyrecipes ♬ Unwritten – Natasha Bedingfield