EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Поранешниот светски шампион во осум категории, Мани Пакијао (45), планира да се бори со Американецот Марио Бариос, оваа есен, за титулата на ВБЦ во полусредна категорија, пренесува ЕСПН.

Пакијао се пензионираше откако ја загуби титулата во полусредна категорија во 2021 година, од Јорданис Угас, но постојано изразуваше желба да се врати во рингот.

  • Напишав историја победувајќи го Кит Турман на 40 години, а на 45 се чувствувам како да имам уште многу сила за во боксот. Сакам да напишам историја – изјави Пакјиао, цитиран од ЕСПН.

Филипинскиот боксер ја освои првата светска титула во 1998 година, на 19 години, а му ја одзеде титулата на Кит Турман, во 2019 година. На почетокот од оваа година, Пакијао се обиде да добие специјална дозвола од ИОК за да се натпреварува на Олимпијадата во Париз, како дел од филипинскиот боксерски тим, но беше одбиен.