Со повеќе видови на нов сезонски расад, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ започна со уредување на цветните површини низ зеленилото во градот.

– Подготовка, како и целосно пролетното цветно уредување направивме на жардиниерите во реон Кале, скверот на булевар „Јане Сандански“ и во парк „Македонија“ – велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Воедно, поради посетеноста на атрактивниот рекреативен центар „Сарај“од голем број на ученици екскурзијанти и посетители овој период, од Јп „Паркови и зеленило“ апелираат на совесно однесување во природа и почитување на комуналниот ред.