Дамите од популарниот новосадски бенд „Фрајле“ на православен Божиќ (7 јануари), ќе имаат голема онлајн музичка журка. Атрактивните фрајли “са лепог плавог Дунава“: Марија, Невена, Наташа и Јелена веќе се подготвуваат за „Божиќ со Фрајле“ кој ќе започне во 20 часот на платформата“Legato“.

„Фрајле“ веќе неколку пати се дружеа онлајн со фановите и навлезене се во овој нов начин на концертното претставување и ако одвај чекаат да им се вратат на оние живи свирки, без разлика што за нивните онлајн настапи секогаш има/ше огромен интерес со над 20.000 следбеници.

Овој Божиќ тие за сите свои обожаватели ширум поранешна Југославија, а покрај својата новогодишна елка ќе ги пееат хитовите: „Ich liebe dich” „Мењам дане“, „Штиклице“, “Моја последња и прва љубави“, “Имала је лепу рупицу на бради“, “Во коси да ти спијам“, “Скитница“, “Ма, дај лутко“, “Три метера сомота“, “Луда за тобом“….. и уште многу песни од нивниот интересен репертоар. За овој онлајн концерт ексклузивно и за прв пат ќе имаме можност да слушнеме и неколку сосема нови песни.

“Фрајле“ со песната од репертоарот на Здравко, за Божиќ

“Фрајле“ со песната од репертоарот на Тереза, за Божиќ

Тоа се песните “Остани да ти кажем нешто још…“ која ја пее Здравко Чолиќ  и “Моја последња и прва љубави, злато моје, сунце моје….“ која ја пее Тереза Кесовија. Авторот и на двете песни за овие легендарни пејачи е исто така легендарниот Кемал Монтено.    Д.М.