Србија ја одобри руската вакцина „Спутник V“

125

Српската агенција за лекови и медицински помагала (АЛИМС) денес издала дозвола за увоз за 2.400 дози на руската вакцина „Спутник V“, изјавил Павле Делиќ од АЛИМС.

Делиќ соопштил дека вакцината против коронавирусот „Спутник V“ ги исполнува сите услови пропишани со закон и правни акти, со кои се потврдува неговиот квалитет, ефикасност и безбедност.

„Исполнети се условите да се користи во имунизација на граѓаните“, изјавил Делиќ за Танјуг.

Тој напоменал дека вакцината ги поминала сите потребни контроли што биле извршени во согласност со законот и дека вакцината „ги исполнува високите стандарди“.