Не може кај нас минималната плата да биде 367 евра, а во регионот 450 евра!

И со последното зголемување на минималната плата во март годинава Македонија е на дното во регионот. Кај нас минималната плата изнесува 22.567 денари, односно 367 евра, а во регионот 450 евра. Од Сојузот на синдикати велат дека ова зголемување е малку со оглед на висината на инфлацијата и на висината на платите во регионот. Не може кај нас минималната плата да биде 367 евра, а во регионот 450 евра. Од ССМ бараат усогласување на другите плати со минималната плата и порачуваат дека никој не смее да биде оставен без зголемување на платите, особено сега, со покачувањето на цените и растот на потрошувачката кошничка

1667

И со последното зголемување на минималната плата во март годинава Македонија е на дното во регионот. Кај нас минималната плата изнесува 22.567 денари, односно 367 евра, а во регионот 450 евра. Од Сојузот на синдикати велат дека ова зголемување е малку со оглед на висината на инфлацијата и на висината на платите во регионот. Не може кај нас минималната плата да биде 367 евра, а во регионот 450 евра. Од ССМ бараат усогласување на другите плати со минималната плата и порачуваат дека никој не смее да биде оставен без зголемување на платите, особено сега, со покачувањето на цените и растот на потрошувачката кошничка.

-Имаме и најниска просечна плата во регионот. Нашите работници многу лесно ќе заминат во соседните земји, бидејќи и минималната и просечната плата се убедливо најниски во регионот. Нашето барање за минималната плата од 450 евра по 100 дена од новата влада ќе придонесе да задржиме дел од работниците или да вратиме некои од сезонските работници во регионот. Од март минималецот е 22.567 денари и е далеку од доволен за да се преживее во месецот. Тука треба да се има предвид и зголемените трошоци за храна од 1.500 денари во март поради одмрзнување на цените, изјави за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски потпретседател на ССМ.

Освен зголемување на минималната плата Синдикатот бара и останатите плати да растот со ист процент како минималната плата.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи неодамна вети дека до 2028 година минималната плата ќе биде 600, а просечната 1.100 евра, а со влезот на државата во ЕУ ќе се зголемат за 200 евра и минималната 800, а просечната 1.300 евра.

Од ССМ реагираат на изјавата и велат да не се даваат такви паушални и популистички изјави и да не се лаже народот.

-Од каде државата ќе ги најде тие пари за да ги зголеми платите. Не може државата да ги зголеми платите во приватниот сектор, туку да ги мотивира газдите да ги зголемат платите и соодветно да го платат трудот на работниците. Политичарите треба да сфатат дека најголемо гласачко тело се работниците и ако сакаат да го добијат нивниот глас, треба да ги подобрат условите за работа во државата и да ги зголемат платите, вели Пешевски.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека со порастот на платите во март, платите во образованието, здравството и полицијата, нема да бидат зголемени, зашто не се потпишаа колективните договори.

-Протестот на 8 април ќе биде и поради незадоволството од непотпишување на анексот на Колективниот договор во здравството, но ќе биде и порака до сите дека не смее никој да биде оставен без зголемување на платите, особено сега, кога трошоците на живот фрапантно растат, особено по престанокот на мерките за ограничени цени. ССМ и синдикатите цврсто ќе стојат на ставот дека платите мора да пораснат и клучната порака ќе ја упатиме на големиот протест на 1 мај. Сметаме дека сега е моментот работниците да не молчат, туку да бидат гласни, да не молат, туку да се борат, порача Трендафилов.

Инаку според последната статистика со само 367 евра, Македонија има најниска минимална плата во споредба со земјите кандидати за членки во Eвропската Унија од регионот. Повисок минималец имаат Албанија, Србија, додека, пак, во Хрватска минималната плата е двојно, а во Словенија тројно повисока од нашата.

И во однос на просечната плата од 649 евра сме на дното во регионот. Највисока е во Словенија 1.530 евра, на второ место е Хрватска 1.191 евро, потоа следат Црна Гора со 821 евро и Србија со 811,3 евра.

(А.С.)