EPA-EFE/SHAWN THEW

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, наскоро би требало да се врати на терен. Според ЕСПН, повикувајќи се на свои извори, центарот на Сиксерс своето враќање ќе го направи оваа недела, откако е надвор од терените од 30 јануари поради повреда на менискусот.

Ембид оваа сезона има просек од 35,3 поени и 11,5 скока по натпревар.