Расте бројот на загинати во пожарот во Истанбул – животот го загубија 25 лица/ВИДЕО

66
Фото: screenshot X APA News Agency

Во пожарот што избувна во подрум на шеснаесеткатница во Истанбул животот го загубија 25 лица, додека три лица се тешко повредени.

Пет лица се приведени поради пожарот, објави турската телевизија ТРТ Хабер.

Пожарот избувнал во вторникот во подрумот на зградата, која служела како ноќен клуб. Се претпоставува дека пожарот избувнал за време на реновирањето.

Во гаснењето на пожарот учествувале 31 противпожарно возило со 86 пожарникари.