Неретко одат на втора и на трета среќа:Хороскопски знаци кои бараат развод по првото разочарување

1547

Секој хороскопски знак има различен однос кон љубовта и бракот. Секако, тоа пред се зависи од наталната карта на поединецот и меѓусебното влијание на планетите, како и од совпаѓањето во компаративниот хороскоп на парот.

Според толкувањето на астролозите, седмата куќа го опишува брачниот партнер, додека планетите во деветтата куќа укажуваат на можноста за втор брак. Сепак, постојат три знаци кои речиси сигурно ќе имаат два брака.

Бик

Биковите се стремат кон стабилност во љубовните врски и тешко се одлучуваат за развод. Меѓутоа, доколку партнерот не ги исполни нивните очекувања и не им ја обезбеди потребната сигурност, веројатно ќе најде нов партнер. Како брачни партнери даваат многу, умеат да го обезбедат семејството, нежни се и страсни, но истото го бараат и од партнерите, па нема да се задоволат со помалку. Тие веруваат дека добар развод е подобар од лош брак и кога ќе решат да се откажат, ништо не може да ги натера да го сменат мислењето.

Вага

Припадниците на овој знак ги плени убавината, а се стремат кон хармонија во љубовта и бракот. По природа се љубовни, но тешко дека некому го даваат своето срце. Во брак влегуваат со големи очекувања и многу успешно ги балансираат работата и семејството, а истото го очекуваат и од партнерите. Проблемот настанува доколку им се наруши внатрешната рамнотежа, што целосно ги исфрла од колосек. Вагите ќе се обидат на секој начин да го спасат својот брак, но кога ќе сфатат дека тоа не им оди, среќата ќе ја бараат од другата страна и во друг брак бидејќи треба да се чувствуваат сакани.

Шкорпија

Шкорпиите се интуитивни, страсни и способни за длабоки емоции кои вешто ги кријат од секого. Тешко им е да се заљубат, но кога ќе му се предадат на партнерот, тоа е засекогаш. Потребно им е партнерот да ги цени и почитува, да го слуша нивниот збор и никогаш да не се согласуваат да бидат само пасивен набљудувач. Не простуваат изневерување бидејќи за нив тоа е предавство кое никогаш не го толерираат. Тие можат да бидат сурови, па дури и кога страдаат не го покажуваат тоа. После секој крах тие успешно закрепнуваат, а влегувањето во нова врска и брак не е лесно, а за повторно да застанат пред матичар, новиот партнер мора да ја стекне нивната доверба и почит, што не е лесно.