Нетанјаху најави дека ги одложува судските реформи со цел да се постигне широк консензус

36

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека ќе ја одложи својата клучна судска реформа до следната парламентарна седница.

„Воден од желбата да се спречи поделбата на нацијата, решив да го одложам второто и третото читање (на предлог-законот) за да може да се постигне широк консензус“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

На обраќањето на Нетанјаху му претходеше еден од најголемите улични протести во историјата на еврејската држава.