Припадниците на овие хороскопски знаци се многу строги, па маните тешко ги простуваат, особено на самите себеси. Секогаш се споредуваат со другите и од тоа споредување го извлекуваат најлошото од себеси.
Ако вашиот хороскопски знак е меѓу нив, наместо да бидете строги кон себе, едноставно обидете се да се свртите кон позитивни мисли.
Рак
Овие знаци често губат многу време размислувајќи за тоа што не е во ред со нив. Склони се кон нарушувања во исхраната бидејќи постојано се грижат за својата тежина. Иако не веруваат во диети, постојно се обидуваат да изгубат некој вишок килограм. Нема да водат сметка за мислењето на другите, ама затоа често ќе се обвинуваат себеси.
Риби
Рибите би биле најсреќни да им тече се беспрекорно цело време, а кога тоа нема да се случува, ќе се обвинуваат самите себеси поради сето она што тргнало наопаку. Не им е туѓо самосожалувањето, а тоа доаѓа од потребата постојано да се осудуваат себеси и другите. Попрво ќе му ја простат грешката на друг отколку себеси.
Девица
Девиците со себе влечат товар на вина, независно од тоа што прават. Нема да се обвинуваат самите себеси затоа што мислат дека се лоши личности, туку поради тоа што сметаат дека правеле лошо. Строги се и кон другите. Ако заклучат дека згрешиле во нешто, ќе се препуштат на самосожалување и во тишина ќе си ги лижат раните.