Новогодишно: Калиопи наздрави за својот 54 роденден со поранешниот сопруг Васил Зафирчев!

1087

Поп-дивата Калиопи Букле наполни 54 години пред самата Нова година. Годините не ги крие, тие и се само безначајна цифра. И таа си е веќе подолго време дома бидејќи и за неа важи правилото, само дома си е дома, ама во случајов поради коронавирусот никаде не излегува.Концертите во Србија и Босна кои се закажани поодамна, ќе причекаат.

Калиопи роденденот го слави во најтесен круг на пријатели меѓу кои е и нејзиниот поранешен втор сопруг, актерот Васил Зафирчев популарниот Марио од серијата “Преспав“(Новогодинешното издание е вечерва, на 31.12. на МТВ од 21.00). Калиопи и со првиот маж Ромео Грил(со него го има синот Пако) остана во добри пријателски комуникации покажувајќи дека не само што е цивилизирана личност туку е жена и со големо срце без разлика на тоа што браковите не и оделе како што треба.

Меѓутоа Зафирчев не откри каков подарок и дал на Калиопи, но сепак за пејачката и самото негово присуство беше подарок со непроценлива вредност. Пријателска, се разбира! Д.М.