Се погласни и погласни се шпекулациите дека Саудиска Арабија ќе биде следната дестинација на двоецот од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Лука Модриќ и Карим Бензема. Репрезентативецот на Хрватска има договор со „кралскиот клуб“ до крајот на актуелната сезона, додека Бензема има договор до јуни 2024 година. Двоецот од редовите на Реал (М) е голема желба на раководните лица на Ал Наср.