Заменети старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

55

Заменети се старите вакуум пумпи за гасно хлорирање на водата во пумпната станица Јурумлери.

Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој заедно со директорот на ЈКП „Водовод“ од Илинден Ивица Трипуновски направија увид во пумпната станица, старите дотраени пумпи се заменети со нови енергетско ефикасни, со кои се постигна поголем квалитет во водоснабдувањето. Заменета е целокупната опрема за хлорирање и реновирана е хлорната станица.

– Со поставување на новите пумпи се создадоа услови за комплетно поврзување на сите извори на вода во пумпната станица Јурумлери со системот за дезинфекција на водата со гасен хлор – соопштија од Општина Илинден. 

Замената на старите и дотраени пумпи е во рамки на проектот „Модернизирање и проширување на водоводниот систем“ со цел обезбедување на стабилен и оптимален проток на чиста, квалитетна и здрава вода за пиење за сите жители.