Казни за 156 возачи во Скопје, 15 за минување на црвено

29

Во Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот биле изречени вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, биле изречени четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – се наведува во соопштението од МВР