Модната награда во рамки на Евросонг отсега ќе ја добиваат најдобро облечените, а не „неуспешните“

98
Наградата „Барбара Декс“ за најлошо облечена учесничка на Евровизија е минато, а наградата „Ти си визија“ која ќе ја заслужи тој што ќе покаже соодветен стилски уникатен начин на облекување е иднината.
Наградата „Барбара Декс“ е изум на порталот House of Eurovision од Белгија, а го добила името по истоимената пејачка од Белгија, која во 1993 година го привлече вниманието на публиката со изборот на фустан што си го изработила самата – но во негативна смисла.
Редакцијата на порталот Songfestival.be, која ја презеде организацијата на наградата, сепак одлучи да направи пресврт и да се посвети на оние кои привлекуваат внимание на позитивен начин.
Веднаш по завршувањето на Изборот за песна на Евровизија, чие големо финале е на 14 мај во Торино, фановите ќе можат да гласаат преку страницата до 22 мај, а наградата ќе ја добие учесникот кој има најинтересен стајлинг.