Отворен ден на полицијата со граѓаните во Велес

68

Во Младинскиот парк во Велес денеска се одржа Отворен ден на полицијата со граѓаните, при што беше изложена опремата и повеќе организациски Единици на МВР.

Како што појаснија од СВР Велес, на граѓаните им се претставени опремата и организациските Единици на МВР. Исто така, беше претставена и Единицата за брзо распоредување ЕБР од Скопје, стационирана во полицискиот центар во Касарната „Ѓорче Петров“.

-Од Криминалистичка техника од СВР Велес се претставија полицајци кои работат на вештачење на кражби на имотни деликти на сообраќајни несреќи, каде што се земаат отпечатоци од прсти, а тоа им беше презентирано и на децата посетители кои покажаа голем интерес, појаснуваат од СВР Велес.

Претставени беа и полицајците од Организациската единица Гранична полиција со целокупната опрема и возила со која располагаат: термална камера, двогледи за денски и ноќни посматрања, сензорни апаратчиња за селектирање на движење и друга опрема.

Претставена беше и Единицата за специјални задачи „Тигар“ САЕ, официјална специјална Единица за антитероризам, кои ја имаа изложено својата опрема и возила со ки работат при извршување  на нивните секојдневни работни задачи и обврски.

На едната страна од фонтаната во Младинскиот парк на штандови беше претставена опремата, а на друга страна специјализираните возила со кои располагаат сите организациски Единици на МВР кои се претставија пред граѓаните на Велес.

Инаку, манифестацијата во Велес ја посетија високи претставници на МВР меѓу кои и државниот секретар.

Манифестацијата ја посетија голем број на граѓани кои се запознаа со опремата и возилата на организациските Единици на МВР.

Манифестацијата беше збогатена со музика во живо и настап на популарната велешка група „ D Chicks.

Инаку освен во Велес вакви Отворени денови на МВР со граѓаните имаше и во Струмица, Крива Паланка, Струга и Крушево