Линделоф бара нова средина

64

Шведскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, откри дека сериозно ја разгледува и опцијата за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок. Централниот дефанзивец не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона, а британските медиуми открија дека германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд најверојатно ќе биде следната негова дестинација.