
Близок извор до таборот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), откри дека крилниот напаѓа Марко Асенсио во самиот финиш од зимскиот преоден рок добил богата понуда од францускиот гигант ПСЖ, но истата без многу размислување ја одбил. Репрезентативецот на Шпанија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а се погласни се шпекулациите дека следна дестинација ќе му биде вечниот ривал Барселона.