Воведен проектот „Твој службеник” во работата на администрацијата

36

„Твој службеник“ е новиот проект што Општина Гази Баба го воведува во работата на администрацијата. Тој има за цел да ги открие проблемите на граѓаните од терен и потоа да ги решава во рамките на општината.

-Општината е институција која е сервис на граѓаните и работи во нивен интерес. Идејата е граѓаните да може лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Со реализирање на овој проект се олеснува начинот граѓаните да го пријават својот проблем и за истиот да добијат решение – објаснуваат од Општина Гази Баба.

Проектот „Твој службеник“ ќе се реализира на начин што техничките секретари на месните и урбаните заедници три дена во неделата ќе бидат присутни во заедниците, со цел евидентирање на проблемите на граѓаните, а два дена од неделата ќе бидат во општината со цел решавање на проблемите.

Од општината ги повикуваат граѓаните да ја користат оваа можност.