Лукаку кога погодува – погодува со стил (ФОТО)

550

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку беше еден од гостите на спектакуларната венчавка на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез и успеа да воспостави комуникација со популарната пејачка од САД – Меган Јовон Рут Пит, попозната по уметничкото име Меган Ти Сталион. Станува збор за американска раперка, пејачка и текстописец родена во 1995 година, која е многу популарна во САД.

Во еден момент, Лукаку и згодната пејачка беа фотографирани заедно покрај езеро, а корисниците на социјалните мрежи почнаа да прават разни шеги и еден напиша дека Лукаку „повеќе нема да промашува“ и дека во иднина ќе „погодува со стил“.

И навистина, Лукаку е во одлична форма, постигна гол во победата над Аталанта на последниот натпревар и се надева дека на 10 јуни, во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, ќе добие шанса покрај Мартинез во нападот на Интер.