Кај Харис Џиновиќ никогаш ништо не гори, освен што му изгоре бракот со 30-години помладата Мелина

430

“Се сеќавам кога Мелина дојде првиот пат кај мене во Париз, каде што живеев. Ги отвори плакарите и остана без зборови едно пола саат. Потоа ме праша, со кого живееш овде? Невозможно е некоја жена да не живее со тебе или да не доаѓа да ти готви. А, кај мене се е под конец, како во војската. Затоа што сум перфекционист!“

Мегапопуларниот пејач Харис Џиновиќ повторно ја разбранува публиката од Вардара до Триглав, со својот развод од 30-тина години помладата Мелина. Тие се разделија по 22 години љубов. Важеа за еден од најхармоничните познати двојки, а веста дека ставиле крај на бракот ги потресе скоро сите. Харис не издржа па, се осврна и на многубројни негативни коментари што му пристигнуваат по разделбата со познатата креаторка. Ги коментираше дури и коментарите дека има тежок карактер и дека е многу тврдоглав маж.

-Ја сум личност кој сака да му биде се потаман, се средено, изгланцано, чисто, ништо да не ми фали. Значи не сум намќор. Голема е разликата помеѓу намќорот и некој кој сака се да му е скоцкано, раскажа Харис спомнувајќи ја и Мелина.

– Се сеќавам кога Мелина дојде првиот пат кај мене во Париз, каде што живеев. Ги отвори плакарите и остана без зборови едно пола саат. Потоа ме праша, со кого живееш овде? Невозможно е некоја жена да не живее со тебе или да не доаѓа да ти готви. Реков дека живеам сосема сам. Затоа што кај мене се е средено, секоја маица, кошула, панталони, дури и гаќи. Се е под конец, како во војската. Затоа што сум перфекционист, изјави тогаш Харис и додаде дека најмногу се стреми кон перфекционизам во музиката, па потоа и во секојдневието.

– Не простувам и тогаш кога некој свири погрешно. Се случува мојот бенд да свири еден концерт фантастично, а другиот под секое ниво. Потоа се правдат дека инструментите не им чинеле. Публиката не го слуша тоа, но јас точно знам кога некој ќе отсвири нешто за што не е заинтересиран да го свири. Се е прашање на концентрација. Не дека простувам грешки, јас не ги признавам и не дозволувам да се повторат. Не смее пред публиката да излезе музичар кој греши. Што ќе ни е таков!      И јас правам грешки, а мене тоа ужасно ме нервира. Можам дури и да се разболам поради нервозата. Во музиката мора да бидеш совршен, безгрешен. Тоа од музиката го пренесов во мојот живот. Харис, истакнува дека немал никакви проблеми со Мелина на почетокот на нивната љубовна врска.

– Секоја жена во светот има амбиција да промени маж, но тоа е невозможно. Мажите имаат свој код и нема многу отстапувања од него. Жените мислат најдобро и имаат некој инстинкт да се обидат да ве променат, но секогаш можете да најдете компромис. Треба само да знаете да кренета рачна. Кога си со сопруга и две деца, тогаш мора да правиш компромиси, понекогаш да правиш и нешто што му е задоволство на другиот, на сметка на твојата комфорна зона. Например, Мелина научила дури и да готви со мене!

Јас сум квалитетен готвач како и пејач. Не готвам баш секој ден зашто децата денес сами си готват. Но постојат јадења кои Мелина подобро ги прави од мене. Кога се запознавме не знаеше ни јајца да приготви.Тоа не е моја заслуга, туку нејзина. Таа научи само тоа што ја интересираше. Кај готвењето најважно е тоа да го сакаш зашто, ако не ја сакаш кујната, тогаш во неа не влегувај. Мелина не ја сакаше кујната.          Јас готвам најразлични јадења. Никогаш ништо не ми загорува, коментира мустаклијата Харис, присетувајќи се на, сега веќе поранешниот брак со Мелина.    Д.М. фото:архива