Каракачанов во вербален судир со Стејт департментот: Од каде тие никаквеци најдоа македонско малцинство во Бугарија?

158

Во годишниот извештај на Стејт Департментот за Бугарија меѓу другите забелешки се најдоа сериозна критика заради нерегистрирањето на здруженијата на Македонците во Бугарија, нотирајќи ги вкупно 11. одлуки на Европскиот суд за човекови права кои воопшто не се извршуваат во Бугарија уште од 2006 година.

На извештајот од Стејт Департментот на САД, реагираше вице-премиерот на Бугарија,  Красимир Каракачанов. Човекот кој е и Министер за одбрана на Бугарија им се обрати на САД со следнава реченица:

– Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите, а пишуваат така како што напишале. Да ги прашам тие никаквеци во американскиот Стејт департмент, каде видоа тие македонско малцинство? Тие земаат предвид некакви извештаи од соросоидни организации и невладини организации кои ги хранат за да плукаат на Бугарија. Какви репресирани Македонци има во Бугарија?!, вели Каракачанов.

Во извештајот на Стејт Департментот се нотираат проблемите на Македонците во Бугарија кои немаат право за здружување ниту признавање:

-Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација-Илинден, Друштво на угнетени Македонци, жртви на комунистички терор и Клуб на македонска етничка толеранција во Бугарија, и покрај пресудата од мај и повеќе од 10 претходни одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права дека негирањата ја нарушиле слободата на здружување на групите. На 1 октомври, Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура изрази во привремена резолуција „длабока загриженост“ во врска со „формалистичката примена на законските барања“ на властите упорно аплицирајќи за да се одбие регистрацијата на Обединетата македонска организација – Илинден и слични здруженија од 2006 година. Во ноември 2019 година, јавниот обвинител постапи по жалбата на лидерот на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) и министер за одбрана Красимир Каракачанов за обидите на две здруженија, Цивилното здружение за заштита на основните индивидуални човекови права и античките Македонци, за создавање македонско малцинство . Главниот обвинител поднесе барање до судот за распуштање на здруженијата, обвинувајќи ги за политичка агенда што го загрозува единството и безбедноста на нацијата сње вели меѓу другото во извештајот.