По втор пат во март во тетовската болница изведена нов вид ретка операција

258

По втор пат овој месец, во Клиничката болница во Тетово, изведена е нов вид ретка операција. Денеска, успешно е направена операција за корекција на дијафрагма после трауматолошка повреда.

Началникот на одделот за хирургија и трауматологија, Д-р Илбер Бесими, со големо задоволство го сподели успехот на персоналот на хирургија и трауматологија на Клиничката болница во Тетово за успешно извршување на операцијата.

– Тимот беше предводен од Д-р Ферит Мухареми, заедно со Д-р суб.спец.Илбер Бесими, Д-р Фатмир Салиу, Д-р Шпресим Ферати, со анестезиолог и реаниматолог Д-р Минире Исени, инструментарка Пранвера и техничар Петар. Ваков вид интервенција првпат е извршена во нашата институција. Да се направи нешто за што сте повикани да го правите со посветеност во своето место е божествено, сподели Д-р Бесими.

На 17 март годинава, првпат, во Клиничката болница во Тетово беше извршена торакална (градна) оперативна интервенција – ресекција на тумор на второ десно ребро на предниот дел од градниот кош. Операцијата ја изврши специјалистот по торакална хирургија, Д-р Иван Карапетров.