Четириесет и двегодишен маж е избоден со нож денеска околу 19 часот нана Трифковиќев плоштад 4, во центарот на Нови Сад, дознава 021.rs.
Портпаролот на Итната помош, д-р Зоран Круљ за 021.rs изјави дека на лице место му била укажана прва приоритетна помош и во свесна состојба пренесен во Ургентниот центар.
„Човекот е избоден со ладно оружје од друго лице“, соопшти итната помош.
Засега не е познат мотивот за нападот и што се случило.
Полицијата е на лице место, врши увид и го опколи просторот на плоштадот Трифковиќ.
По напаѓачите се трага, а повеќе информации се очекуваат од полицијата.