EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Лука Дончиќ има одлична сезона во дресот на Далас Маверикс. Словенечкиот репрезентативец на дуелот против Хјустон постигна 47 поени и беше најзаслужен за победата на својот тим, а придодаде и 12 скока и седум асистенции.

Несомнено е дека со учинокот во оваа сезона е меѓу петте најдобри во НБА лигата, па со тоа се квалификува за таканаречениот „супермакс“ договор од 2025 година.

Се верува дека Лука ќе стане првиот играч кој за една сезона ќе заработува повеќе од 80 милиони долари.

Правилата на договорот за „супермакс“ наведуваат дека на него можат да потпишат само играчи со минимум седум години искуство во НБА и кои исполниле одредени услови, како учество на Ол-стар натпревар или да биде дел од Ол-НБА тимот.

Словенецот ја игра шестата сезона и тој „супермакс“ договор ќе може да го потпише летото 2025 година.

Бидејќи тој тип на договор нема фиксна сума, вреди 35 проценти од селери-кап за одредена година, а тоа би значело дека Дончиќ би можел да потпише петгодишен договор вреден 346 милиони долари! Тоа би значело заработка од 69,2 милиони по сезона!

Според податоците, словенечкиот кошаркар оваа сезона заработува 40 милиони долари.

Во моментов најголем договор во НБА има Џејлен Браун од Бостон, кој во 2023 година потпиша супермакс договор вреден 304 милиони долари за пет години.