Иницијативата пред Уставен поднесена пред три години, иницијаторот тврди дека нема политичка заднина

119

Иницијативата до Уставниот суд за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година адвокатот Зоран Стојановски ја поднел пред три години.

Стојановски за ТВ24 вели дека немал политички мотиви, а единствена цел за иницијативата била заштита на уставноста.

– Целта како и на секоја друга иницијатива пред Уставен суд е зачувување на уставноста и законитоста, нема друга цел. Политичките анализи се предмет на работа на политички партии, ова е само уставно-судска работа. Нема допирна точка со политика од аспект на тоа како што сака да се прикаже, вели Стојановски.

Иницијативата ја поднел пред три години, но зошто сега се става на ред не сака да коментира.

– Моето мислење во врска со иницијатвата за Законот за помилување и за Законот за одликувања и признанија е дека задолжително треба да биде усвоена и да бидат поништени и едниот и другиот закон. Тоа е моето очекување, вели Стојановски.