Кошаркарите на Работнички по три порази во низа конечно славеа, откако на гостински терен го прегазија Вардар со 103:55, во рамки на 8. коло од Првата лига.

По изедначеното прво полувреме, македонскиот вицешампион заигра далеку подобро во третод период кој го доби со 33:8, па на крај не им беше тешко да запишат нова победа во домашното првенство.

Најефикасен во победничкиот тим беше Хејден Лескот со 22, Бенџамин Двејн запиша 20 коша додека на спротивната страна Дамјан Робев го заврши мечот со 21 поен.

Кошаркарите на Куманово направија големо изненадување во ова коло, откако на гостувањето кај Гостивар забележаа победа со 85:72.

Во последниот денешен меч, Кожув потешко од очекувањата дојде до бодовите во пресметката со дебитантот Академија ФМП (87:78).