Спортот зад воланот никогаш не бил побезбеден, но само среќа ја спаси публиката од посериозни последици на трката Индијанаполис 500, на која победи Јозеф Њугарден.
Големиот инцидент се случи во 185. круг од трката, пред самиот крај, кога Феликс Розенквист ја загуби контролата над возилото и удри во заштитната ограда, а Кајл Кирквуд не можејќи да го избегне, удри со своето возило директно во него.
Во тој судир, испадна тркалото од возилото на Розенквист и летна кон трибината. За среќа, ги промаши целата трибина и присутните гледачи, бидејќи тоа ќе беше еднакво на катастрофа.
Имено, задното тркало на возило од Индикар 500 тежи над 10 килограми и со тие сила и брзина на удар може сериозно да повреди човек.
Kyle Kirkwood’s onboard camera from today’s incident 😱
Thankful for the safety team and safety equipment ❤️ pic.twitter.com/khcoXkxlFF
— Andretti Autosport (@FollowAndretti) May 28, 2023
Коментаторите на трката подоцна потврдија дека тркалото на крајот завршило на паркинг, каде што сериозно го оштетило автомобилот на некој несреќен сопственик.
Here’s where that flying tire impacted in turn 2
@IMS #indy500 pic.twitter.com/MLexGcUu5q— Andrew Kossack (@AndrewKossack) May 28, 2023
Инаку, двајцата возачи кои учествуваа во несреќата се неповредени. По судирот, тие се оддалечија од местото на несреќата.