СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ХРВАТСКА: Професор скришно снимал ученички на екскурзија додека спијат

858

Хрватските медиуми објавија дека 52-годишен професор во средно училиште бил пријавена за неовластено снимање и сексуално вознемирување на ученички. Професорот е приведен и му е изречена забрана за контакт со две ученички, но моментално се наоѓа на слобода.

Како што пренесува Јутарњи лист, директорот на училиштето најпрвин ја известил полицијата и кажал дека за целиот инцидент го информирале родителите на децата, а спорна била и екскурзијата во Италија која била од 3 до 6 мај, бидејќи една од ученичките пријавила дека професорот сексуално ја вознемирувал.

Во придружба на родителите во полиција дошла и друга ученичка која пријавила дека наставникот без дозвола ги снимал на екскурзијата. Тој влегол во хотелската соба околу шест часот наутро и ја фотографирал неа и нејзината пријателка додека спиеле во креветите, а потоа им ги покажал фотографиите.

Професорот поради двете пријави бил донесен во Обвинителството, но по распитот бил пуштен со мерки на претпазливост.

Полицијата не информирала за овој настан за заштита на децата и малолетните лица, а Обвинителството се уште го истражува случајот. Се уште не е познато дали професорот е суспендиран или се уште работи во училиштето.