Заврши снимањето на играниот филм „Сестра“

84

На езерото Матка заврши снимањето на „Сестра“ –  прв долгометражен игран филм на младата режисерка Дина Дума.

Режисерката Дума е и авторка на сценариото заедно со Мартин Иванов. „’Сестра’ е приказна за две тинејџерки, чие пријателство е ставено на тест кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување“, соопштија од „Лист продукција“ за филмот кој се снимаше на локации низ Скопје.

Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, кинематографер Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите ги изработи Роза Трајческа-Ристовска, а за шминката беше задолжена Жанета Димитриевска.

Снимањето на филмот е поддржано од Агенцијата за филм и е копродукција со Црна Гора и Косово.