Нова книга: „Шаманизмот во македонската народна традиција“ на Витанова-Рингачева

208

„Шаманизмот во македонската народна традиција“ е насловот на книгата на Ана Витанова-Рингачева, која неодамна ја објави „Македоника литера“ од Скопје.

„Шаманизмот како специфична техника на екстаза и магиска практика претставува мистичен феномен, кој подразбира екстатично патување на човекот-шаман во светот на духовите и способност за општење со светот на оностраното. Иако шаманизмот како религиозен феномен нема да се издигне на степен на религија, елементи од шаманското екстатично искуство се наоѓаат во основата на сите доминантни религии. Шаманзимот како архаична техника на екстатично патување е присутен како `преживелица` во македонската народна традиција. Фолклористичката и етнографската граѓа, која беше предмет на анализа, само ја потврди тезата дека реликти од шаманизмот се препознаваат во многу слоеви од македонскиот обреден и приказничен фолклор. Истражувањето на шаманистичките елементи во наши локални рамки и разоткривањето на нивното директно влијание врз обичаите и верувањата кај македонскиот човек, покажа дека се работи за универзален обреден комплекс, вграден во човековото духовно искуство“, ќе напише авторката кон книгата на чиј крај се објавени и фолклористички и етнографскии прилози.

Ова е прва научна и културолошка книга на оваа тема во Македонија.