„Епл” вети дека ќе го разгледа прашањето за Крим

91

Претставник на технолошката компанија „Епл” внимателно ќе го изучи прашањето за спорните граници на Крим, откако во апликациите „Карти” и „Време” во оперативниот систем на „Епл”, полуостровот Крим беше прикажан како дел од Русија.

Се верува дека компанијата го направила тоа под притисок на Русија, бидејќи промените се видливи само за корисниците на „Епл” во таа земја. Додека за корисниците во сите други земји во светот, вклучително и Украина, не е покажано на која земја спаѓа полуостровот.

Украина претходно изрази протест до американскиот технолошки гигант поради тоа што во географските карти на овие апликации Крим стана дел од Русија.

За САД, ЕУ и огромен број на земји во светот Крим е дел од Украина, и тие сметаат дека земјата е незаконски окупирана од Русија која го анектираше полуостровот во 2014 година.