„Експлозија“ на Етна: Летаат лава и пепел стотици метри во висина
Вулканот Етна во Италија, најактивниот во Европа „се разбуди“ и почна да исфрла вжештена лава која тече по должина од неколку стотина метри, потврдија вулканолозите во Италија. Две пукнатини се отвориле на делот на кратерот на југоисток и на североисточното крило на вулканот.