Free Porn
xbporn
Дома МАКЕДОНИЈА Димитриевски: Мора да ја спречиме корупцијата, мора да ја вратиме правдата

Димитриевски: Мора да ја спречиме корупцијата, мора да ја вратиме правдата

31

Караванот на кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски денеска беше и во Демир Капија и Росоман.

Димитриевски во обраќањето до кавадарчани потенцира дека мора да се спречи корупцијата, мора да се врати правдата каде и местото.

„Ние во Македонија имаме се, но могу лошо е организирано и е во функција на тие што се на власт. А власта почитувани, им ја даваме ние. Ова се суштински моменти за Македонија и за идните генерации. Треба да излезат граѓаните и да кажат доста е. Како Претседател на државата ќе предложам стратегија за борба против политичкиот криминал и корупција. Зашто тие не се борат за власт, туку се борат за се. Сакаат да бидат господари на се, а граѓанинот да го стават во функција на модерното ропство.Но ние сме како пиреј, колку и да не чистиш,повторно не има, а никнуваме и после сто години. Такви сме“, рече Димитриевски и продолжи: „Можеме многу. Мојата цел е Македонија да стане самоодржлива држава, која ќе биде своја на своето. Држава која ќе го зголемува извозот и ќе го намалува дефицитот“.

„Од ден на ден ја губиме државата. Што ќе им кажеме на децата? Затоа молкот е забранет. Масовно да се излезе и да се даде гласот за ЗНАМ, а јас како иден претседател ќе го дадам својот максимум Македонија да биде достинствена држава со среќни луѓе“, рече Димитриевски.

Димитриевски денеска се обрати и пред граѓаните на Неготино.

„Ние не митиганшиме, одиме од човек на човек, скромно, но тоа што го пишуваме во Програмата е конкретно и се разликуваме од другите по тоа што си го држиме зборот. Такви сме ние од ЗНАМ, скромни и сами си ги плаќаме сметките од нашиот џеб“, рече Димитриевски и додаде дека на граѓаните се им е јасно и бараат начин како да се излезе од црно-сивиот свет.

„Трудот на луѓето кои работат во Повардарието го користат тие, кои што направија држава без правда, тие кои што направија држава без закон, држава без ред, без поредок. Држава којашто наводно е наша, а суштински е нивна и на крајот сакаат да постават држава која ќе им биде во функција ним. Тие се оние што ние граѓаните ги бираме. Ние денеска во Македонија имаме суд, судии, правда немаме. Имаме обвинители, имаме Обвинителство, обвиненија нема. Се обвинуваат единствено тие коишто ќе го кренат гласот против власта, или гласот против урбаната и друга мафија во државата. И затоа е молкот повеќе од срам. Да седиш и да молчиш во овие круцијални моменти за државата, е срамно“ рече тој.

„Дојдовме во ситуаcија да бидеме туѓи на своето Да гледаме како еден ДУИ, 20 години си игра и со едните и со другите и ги врти како синџирче околу прстот. Им кажува како треба и што треба. Ги менува законите како сака и за што сака. Е па доволно беше. Топката ќе си ја игра Ахмети назад во селото каде што му е партијата, а не во кабинетот за кој јас,вие, сите ние плаќаме. Артан Груби ќе сиодни да си навива на трибините, но по закон, а не да седи во паралелна влада во СКопје, со црни мерцедеси коишто ги купуваат повторно од нашите пари. А овие кои им служат ним, а коишто ги гласавме сите ние, а и јас, е нив ќе ги пратиме во политичка пензија за да не добијат можност никогаш повеќе да го прават тоа што го правеа до сега“, потенцира Димитриевски пред Неготинчани..

Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека она што го работат граѓаните коишто живат во Повардарието и Тиквешијата е пример кој треба да се потенцира.

„Сметам, додаде тој, – дека тие со својата работа во голем дел придонесуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ. Само со посветана работа која ќе влијае на зголемувањето на богатстово во државата можеме да зборуваме за самоодржлива држава Македонија“.

Димитриевски рече дека винопроизводството, одгледувањето на виновата лоза е дополнителен приход за секое семејство, но и зголемување на Бруто домашниот производ на државата.

„Од позиција на Претседател на Македонија ќе иницирам нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а се со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, а малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси.

Тоа ќе придонесе во равојот на економијата, како и во зголемувањето на приходите во буџетот“, рече Димитриевски.