Неодамна тениската јавност беше шокирана од веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката. Многумина коментираа на таа тема, шпекулираа кој би можел да биде новиот тренер на Новак, а сега свое мислење за целата ситуација даде и поранешниот тренер на српскиот тенисер, Марјан Вајда.
- Искрено, не очекував дека ќе се разделат. За тоа дознав, како и другите, од весници, па можев само да формирам мислење врз основа на тие информации, изјави Вајда, па додаде:
- Бев изненаден бидејќи Новак беше многу добар со него во последните години. Претходно кажав дека и тренерите чувствуваат голем притисок и можно е на Иванишевиќ да му здосади тоа.
Словакот се обиде да објасни дека сè е исто толку тешко за тренерите како и за играчите.
- Патуваме постојано, од континент до континент. Постојано се збогуваме со нашите семејства, не знаејќи ни колку долго ќе останеме некаде, колку ќе бидеме отсутни од дома. Притисокот на турнирите е огромен, дури и за мене. Знаете, во тенисот тренерите се постојано под лупа. Кога некој тим губи натпревар во фудбалот, никој не бара поединец за да биде виновен, никој не прашува дали тренерот погрешно го подготвил натпреварот. Додека во тенисот, штом играч губи, прстот веднаш се вперува кон тренерот, објасни Вајда.