Гркинките го избраа Сакис Рувас, евровизиската ѕвезда, за најсексапилен балкански пејач – сосетките гласаа за „Ола кала“

117

Овој Грк, кој е голема пејачка ѕвезда во својата земја, но и голема евровизиска ѕвезда, роден е на грчкиот островот Крф, на 5 јануари, a и понатаму изгледа како да е во цветот на младоста. Воедно, ужива во брачниот живот со згодната грчка манекенка Катја Зиголи, со која има дури четири деца, двајца синови и две ќерки

Иако во Македонија не се знае многу, многу за грчката естрада, без разлика на тоа што сме соседи, што Грците имаат еден тон добри пејачи (Демис Русос, Нана Мускури, Костас Мартакис, Ана Виси, Јоргос Даларас, Хелена Папаризу, Маринела, Вики Леандрос, Константинос Аргирос…) и што имаат големи хитови, кои често се препејуваат на целиот Балкан, сепак, најчесто се споменува атрактивниот грчки поп-пејач Сакис Рувас.

На својот Инстаграм, постојано споделува фотографии и видеа од настапите, но и од приватниот  живот, а обожавателките не пропуштаат да коментираат дека е како „вистински Аполон“. Сакис повторно ги разбранува девојките и жените со изгледот, откако објави видео на кое се гледа како игра во гардеробата пред настап. Облечен е во проѕирна, црна маичка и црно сако и му се гледаат затегнатите мускули под маичката.

Токму тој ја претставуваше Грција на “Песна на Евровизија“ дури двапати, особено во 2004 година, кога со песната „Shake It“ и со својот жежок секси танц на сцената направи вистински делириум. А, неговиот голем балкански хит, „Ола кала“ (Сè е во ред), на српски јазик го има препеано српско-македонската пејачка Тијана Дапчевиќ, насловен „Она то зна“.                                                                                                  Деновиве, Сакис наполни 52 години и во официјалните анкети (спроведени во Грција), на прашањето за тоа кој е најзгоден грчки пејач, публиката најчесто го споменувала името на Сакис. Воопшто нема да згрешиме ако кажеме дека тоа се одговори на женскиот пол. Јавна тајна е дека Гркинките сè уште се палат на овој Грк, кој, и покрај своите 52 години, и понатаму изгледа прилично привлечно. Шармантен, со по некоја брчка на лицето и со неколку бели влакна во косата, Сакис не старее.

„Ти си вистински бог!“, „Најубав Грк е Сакис“, „Зошто стареам, а ти и понатаму си ист?“, „Откриј ни ја тајната на долговечната младост!“, „Како успеваш да бидеш така секси?“, „Кажи ни на сите што јадеш, а што не јадеш“, „Дали и понатаму, на тие години, успеваш често да имаш добар секс?“… напишаа обожавателките на Сакис Рувас. Овој Грк, кој е голема пејачка ѕвезда во својата земја, но и голема евровизиска ѕвезда, роден е на грчкиот островот Крф, на 5 јануари, a и понатаму изгледа како да е во цветот на младоста. Воедно, ужива во брачниот живот со згодната грчка манекенка Катја Зиголи, со која има дури четири деца, двајца синови и две ќерки.

Во текот на животот, Сакис немаше среќа со некои од своите бизниси. Во Грција поседуваше познат ноќен клуб, кој му изгоре во пожар, а потоа отвори суши ресторан, од кој слабо заработуваше. Тој, исто така, беше дел од жирито на грчката верзија на светскиот натпревар „X-Factor“.
Д.М. фото: архива