Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, е елиминирана во осминафиналето на фјучерсот во Копер, што се игра на земјена подлога и награден фонд од 60.000 долари. Таа загуби од Италијанката Дебора Киеза со 6:4 и 6:4.

Лина не можеше да одговори на силниот сервис на Италијанката, а дуелот траеше еден час и 46 минути.

Сега на Македонката и претстои меч во двојки каде за партнерка ја има Кристина-Андреа Миту.