Со 14,9 милиони денари ќе се финансираат повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари.
Прес-службата на Владата вечерва соопшти дека на предлог на Министерството за транспорт и врски денеска е донесена одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.
На денешната владина седница е донесена и одлука за намалување на увозните давачки на одделни производи потребни за производство на технолошко напредни производи. Намалувањето ќе важи до 30 јуни следната година. – Намалувањето на увозните давачки е на нивото на царинските стапки на Европската унија со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи, велат од Владата.